Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп изрази мал интерес за продолжување на примирјето со Иран по новиот рок што истекува утре вечер.
„Не сакам да го правам тоа. Немаме толку многу време, бидејќи додека двете страни стигнат таму, како што знаете, тие веќе добија дозвола да продолжат напред – што знаев дека ќе го сторат во секој случај. Не мислам дека имаа избор. Мора да преговараат“, рече Трамп.
Зборувајќи за можните последици од американските воени закани, вклучувајќи ги и нападите врз инфраструктурата во Иран, Трамп рече дека ваквите потези би имале сериозно влијание.
„Не е мој избор, но ќе им наштети и нив. Ќе им наштети воено. Тие ги користат мостовите за своето оружје, за движењето на нивните ракети“, рече Трамп, додавајќи дека обете страни го искористиле прекинот на огнот за „обновување на залихите“.
Тој нагласи дека Иран има силен мотив да постигне договор со САД, истакнувајќи дека иранските граѓани се „неверојатни“, но дека нивното раководство е крволочно и тврдоглаво.
„Ако постигнат договор, тие можат повторно да станат силна нација, повторно голема нација“, заклучи Трамп.
The post Новата одлука на Вашингтон, Трамп не сака да го продолжи прекинот на огнот со Иран: „Немаме време, тие мора да преговараат“ appeared first on Во Центар.

