Home Економија Нов историски рекорд на биткоинот, надмина 112.000 долари

Нов историски рекорд на биткоинот, надмина 112.000 долари

Биткоинот денеска надмина 111.000 американски долари (околу 98.000 евра), поставувајќи нов историски рекорд на пазарот на криптовалути.

Ова зголемување е предводено од силен интерес на институционални инвеститори и растечко учество на традиционалните финансиски актери.

Аналитичарите истакнуваат дека клучна улога во новиот раст играат големите компании и инвестициски фондови, кои сè почесто гледаат на Биткоин како на резервна актива. Порталот „CoinDesk“ посочува дека некои од овие компании дури и финансираат купувања преку пазарот на капитал, што е нов тренд кој го зацврстува позиционирањето на дигиталните валути во пошироката економија.