Околу 65 килограми марихуана се пронајдени во автомобил кај наплатната рампа Стоби во близина на Градско. Поведени е истражна постапка против две лица за недозволено прозводство и пуштање во промет наркотички дроги.
Првиот осомничен, 38-годишен скопјанец, со автомобил со скопски регистарски ознаки ја пренесувал дрогата спакувана во четири големи црни патни торби, а вториот, 55-годишен жител на Кавадарци, во улога на „чистач” имал задача да предупреди за евентуални контроли.
– На наплатната рампа полициски службеници забележале сомнително движење на автомобилот во кој била дрогата, а возачот на даден знак да застане за легитимирање, со голема брзина се дал во бегство кон Градско. Сепак, полицајците успеале да го стигнат и извршиле преглед на возилото каде ја пронашле марихуаната, информира Обвинителството.
За првоосомничениот се бара притвор.

