Home Uncategorized Привремен прекин на настани во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид

Привремен прекин на настани во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид

Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид привремено ги прекинува активностите поради потребата за исполнување на одредени технички услови и санирање на откриените недостатоци, неопходни за културните установи.

Од Министерството за култура и туризам на Република Македонија-препорачано е пауза во организирањето на настани, со цел реконструкција на хидрантскиот систем, системот за громобранска заштита и системот за откривање на пожар, истакнуваат од Центарот за култура. Точниот период за завршување на овие активности не е прецизиран од страна на Центарот.