Home Македонија Рекордна излезност на изборите во Унгарија – до 13 часот гласале повеќе...

Рекордна излезност на изборите во Унгарија – до 13 часот гласале повеќе од 50%

Долги редици пред гласачките места во Унгарија каде денеска се одржуваат парламентарни избори на кои актуелниот премиер Виктор Орбан кој 16 години е на власт се соочува со најтешкиот изборен предизвик – дали ќе ја задржи власта по растечката популарност на на централно десничарската проевропска партија Тиса предводена од поранешниот лојален партиски функционер Петер Маѓар. Ова е клучен момент за Орбан, лидерот со најдолг стаж во Европската унија и еден од нејзините најголеми антагонисти. Избирачките места се отворија во 6 часот и ќе зтаворат во 19 часот.

Орбан и неговиот главен противкандидат Петер Маѓар пристигнаа на одделни гласачки места во Будимпешта и речиси истовремено го дадоа својот глас. Пред новинарите, 62 годишниот Орбан се рече дека е убеден во победа.

„Тука сум за да победам“ рече Орбан и ги повика младите да излезат на гласање.

„Им се обратив (на младите гласачи) неколку пати за време на кампањата: дојдете и гласајте“, порача тој.

Победа очекува и неговиот противкандидат Маџар според кој големата излезност на гласачките места може да е сигнал дека Унгарците ќе испишат историја.

Маџар ветува „промена не режимот“, ресетирање на односите со Европската унија и крај на блиските односи со Русија. Тој ги повика граѓаните да гласаат во поголем број зашто како што рече секој глас е важен и ги повика да пријават било какви нерегуларности за време на гласањето. Тој за време на кампањата го критикуваше Орбан и за економската стагнација и порастот на животните трошоци и за корупција.

Орбан од друга страна ужива поддршка од американскиот претседател Донад Трамп кој ги повика Унгарците да излезат и да гласаат за неговиот „вистински пријател борец и победник“.

И на последниот изборен митинг, Орбан рече дека победата е на дофат и ги повтори главните теми кои ги потенцираше во кампањата против Брисел и Украина. „Нема да ги дадеме нашите деца, нашето оружје и пари“, рече Орбан.

Според Изборната комисија на Унгарија, до 13 часот гласале 54,14 проценти од гласачите, пренесе МИА.

На веб-страницата на Националната изборна канцеларија е наведено дека за денешното гласање се регистрирани 7.527.742 гласачи, и дека 16,89 проценти од нив гласале до 9:00 часот наутро, додека 37,98 проценти гласале до 11:00 часот.

Тоа претставува значително зголемување на излезноста во споредба со претходните два изборни циклуси – 42,32 проценти од гласачите гласале до 13 часот во 2018 година, а 40,01 процент во 2022 година.