Коста К., кој изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“, при што ги уби девет деца и еден обезбедувач, го заврши своето сведочење пред Специјалниот суд во Белград.
Како што дознаваме, Коста се држел до сведоштвото што го дал минатиот пат, но сега одговорите биле повеќе во корист на неговите родители, поточно, ги прилагодил одговорите така што биле во одбрана на родителите.
Поточно, тој изјави дека барањата на неговата мајка, Милјана Кецмановиќ , не влијаеле врз неговата одлука да го изврши масакрот на 3 мај и дека го сфатил ова дури сега, бидејќи созреал.
Како што веќе пишувавме, момчето кое уби девет свои врсници и еден обезбедувач во Рибникар денес беше изнесено од Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади , за да сведочи во судската постапка против своите родители.
The post „Сваќам бидејќи сега созреав…“ Коста К. шокира на судењето: Тој застана во одбрана на својата мајка! appeared first on Во Центар.








