Српските медиуми објавија кој е партнер на босанската модна дизајнерка Мелина Џиновиќ. Станува збор за британскиот бизнисмен Џефри Пол Арнолд Деј.
Роден е во 1958 година. Со децении е поврзан со бројни компании во Велика Британија и имал бројни директорски улоги од почетокот на деведесеттите години.
Најновите податоци покажуваат дека тој е директор на „Руби“ од 2016 година, а како негово место на живеење е наведено Монако, каде што живее и Мелина Џиновиќ.
Патем, оваа компанија се смета за една од лидерите кога станува збор за луксузни услуги за убавина и велнес третмани, а Деј беше на чело до 2024 година.
Во октомври минатата година беше објавено дека се свршил со Мелина и дека ќе се венчаат на неговата јахта. Сепак, извор за српските медиуми неодамна изјави дека тие сè уште не планираат свадба.
Тој продолжи велејќи дека Мелина била вознемирена од фактот што нејзиниот поранешен сопруг Харис Џиновиќ ги објавил деталите за нивниот бурен развод.
„Јасно е дека не останале во добри односи. На Мелина ѝ пречело тоа што некои работи биле објавени. На некој начин, таа сакала да покаже дека продолжила понатаму и дека е среќна. Приказната за бракот можеби била начин да му испрати порака на пејачот, да го налути“, рекол тој.
The post Српските медиуми објавија кој е партнерот на Мелина Џиновиќ: Тој беше на чело на бројни компании appeared first on Во Центар.







