Трамп: Путин му помага на Иран

Во интервју за Фокс њуз, американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше тврдењата дека рускиот претседател Владимир Путин му обезбедува на Иран разузнавачки информации за локации на американски трупи на Блискиот Исток. Трамп оцени дека ова е можно и го поврза таквиот потег со американската помош за Украина.

Кога водителот Брајан Килмид го праша дали Путин му помага на Иран, Трамп одговори: „Мислам дека можеби малку им помагаат, да, претпоставувам.“

Тој веднаш ја објасни својата претпоставка со контрапрашање: „И веројатно мисли дека ние ѝ помагаме на Украина, нели?, пренесува Киев Индепендент.

Кога водителот забележа дека САД навистина ѝ помагаат на Украина, Трамп продолжи: „Да, и ние им помагаме… и така тој го гледа тоа. Знаете, Кина би го кажала истото.

Трамп, исто така, изјави дека САД ќе ги придружуваат бродовите во Ормускиот Теснец „доколку е потребно“.

„Ќе го направиме тоа доколку е потребно. Но, знаете, се надеваме дека работите ќе одат добро. Ќе видиме што ќе се случи“, рече тој, додавајќи дека САД ќе го нападнат Иран „многу силно во текот на следната недела“.

The post Трамп: Путин му помага на Иран appeared first on Слободен печат.