Home Македонија Ученици фрлале со камења кон слоницата во скопската Зоолошка

Ученици фрлале со камења кон слоницата во скопската Зоолошка

Зоо негувателот Виктор вработен во скопската Зоолошка на Фејсбук напиша дека денеска камења биле фрлани кон слоницата во Зоолошката, а за тоа време професорите седеле на кафе.

– Денес имав ситуација што искрено ме разочара. Група ученици од средното угостителско „Лазар Танев“ фрлаа камења кон слоницата, додека нивните професори седеа на кафе во кафич. Не сакам да генерализирам — не се сите деца исти, ниту сите професори се неодговорни. Но, вакви поединци оставаат лоша слика и, уште полошо, нанесуваат стрес и штета на животни кои се под наша грижа. Како зоонеговател, секојдневно гледам колку се чувствителни и интелигентни овие суштества. За нив, ова не е „заебанција“ – напиша Виктор на Фејсбук.

Апелираше – „Научете ги децата дека животните не се мета за забава, туку живи суштества што заслужуваат почит“.