ФОТО | Викторија Бекам шокираше со својот изглед: „Никогаш не била послаба, ова не изгледа добро ниту здраво“

Викторија Бекам повторно се најде во центарот на вниманието и повторно поради својот изглед. Успешната модна дизајнерка и поранешна членка на групата „Спајс грлс“ била фотографирана како пристигнува во својата канцеларија во лондонскиот Сохо, а нејзините најнови фотографии предизвикаа жестока дебата на социјалните мрежи, при што многу обожаватели тврдат дека 51-годишната дизајнерка изгледа послаба од кога било.

Викторија Бекам излегува од својата канцеларија во Сохо, Лондон/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Позната по својот софистициран и шик моден израз, Викторија Бекам ја избрала најелегантната комбинација за работниот ден. Носела црн фустан со екстремно висок шлиц што дополнително ја нагласувал нејзината многу витка фигура, а целиот изглед го комплетирала со впечатливи зашилени потпетици, очила за сонце и рамно испеглана коса. Таа ја напуштила зградата преку задниот излез, надевајќи се дека ќе ја избегне маста народ и ќе го намали контактот со новинарите и фотографите на апсолутен минимум.

Меѓутоа, фотографиите од нејзините нозе набрзо предизвикаа лавина од реакции и коментари на социјалната мрежа Икс, при што некои обожаватели изразија сериозна загриженост за нејзината слабост.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Actress Theatre (@actresstheatre)

„Што се случило со нејзините нозе?“, „Изгледа премногу слаба“, „Послаба е од порано“, се само некои од коментарите што го преплавија интернетот.

„Погледнете како изгледа нејзината нога. Не знам дали е од оземпик или од нешто друго, но ова не изгледа добро ниту здраво“, остро истакнала една корисничка, а многумина брзо се согласиле со неа. „Стилски гледано, таа е секогаш беспрекорна, но ова тело не изгледа нормално“, додал друг следбеник.

Овие фотографии се појавија недолго откако Викторија се врати од Париз, каде што ја претстави својата нова колекција на Модната недела во француската престолнина и, очекувано, повторно доби пофалби од самата професија и од целата модна индустрија.

Сепак, познато е дека Викторија се соочила со слични коментари и претходно и била многу отворена за своите сериозни проблеми со нарушувањата во исхраната со кои се борела во младоста. Таа истакнала дека дури со текот на времето успеала да развие малку поздрав став кон храната и строгите вежби. Викторија, исто така, зборувала за оваа многу чувствителна тема во хит документарната серија „Бекам“, која минатата година собори рекорди на гледаност на „Нетфликс“.

Сеќавајќи се на постојаното и немилосрдно испитување на нејзиното тело, вклучително и јавно, понижувачко мерење на тежина на телевизија само шест месеци по породувањето, Викторија во тоа време признала: „Денес се смееме на тоа и се шегуваме кога сме на телевизија, но јас бев навистина, навистина млада тогаш, и тоа боли.“

Таа признала дека токму поради таквите постојани и отровни коментари почнала длабоко да се сомнева во себе.

„Навистина почнав да се сомневам во себе и да не се сакам себеси. Дури и не знаев што гледам кога се погледнав во огледало, губите секаков чувство за реалност. За медиумите, јас бев сè – од ‘Porky Posh’ (дебела Пош) до ‘Skinny Posh’ (слаба Пош)“, се присетила емотивно.

Бидејќи не можела да контролира што се пишувало за неа секојдневно во таблоидите, таа одлучила барем да ја контролира својата тежина, и тоа на, како што самата призна, „неверојатно нездрав начин“.

„Кога имате нарушување во исхраната, станувате многу добри во лажењето. Никогаш не бев искрена со моите родители за тоа. Тешко те погодува кога постојано ти се вели дека едноставно не си доволно добра“, заклучила таа тогаш.

ВИДЕО | Дејвид не го тргна погледот од Викторија: И по 26 години брак, тие сè уште изгледаат неверојатно

Гордон Ремзи му порача на Бруклин Бекам: „Еден ден ќе ги немаш мајка ти и татко ти“

The post ФОТО | Викторија Бекам шокираше со својот изглед: „Никогаш не била послаба, ова не изгледа добро ниту здраво“ appeared first on Слободен печат.