Владата донесе одлука за кризна состојба во Гостивар во траење од 30 дена. Одлуката е донесена со цел побрза координација на институциите и ставање на водоснабдителиот систем во функција.
– Со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настаната состојба во Општина Гостивар, владата донесе ваква одлука за прогласување на кризна состојба се со цел побрза координација на институциите како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување на вода за пиење во најкраток можен рок, информираше предмалку владината прес- служба
The post 30 дена кризна состојба во Гостивар appeared first on Provereno.

