Home Македонија Германскиот канцелар најави можно ублажување на санкциите за Техеран при сеопфатен договор

Германскиот канцелар најави можно ублажување на санкциите за Техеран при сеопфатен договор

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека Европската унија (ЕУ) е подготвена постепено да ги олесни санкциите против Иран, во случај да биде постигнат сеопфатен договор.

– Олеснувањето на санкциите може да биде дел од процесот. И никој не се противи на тоа – изјави Мерц за време на неговиот престој во Никозија на самитот на ЕУ.

Според него, ова е придонесот што Унијата може да го даде за напредок на процесот кој, како што нагласи, се надева дека ќе доведе до траен прекин на огнот во регионот.