Охридскиот аеродром од денеска добива нова авионска врска со Европа. Компанијата „Остријан ерлајнс“ ја воведува линијата Виена – Охрид, со што градот ќе биде директно поврзан со австриската престолнина.
По повод пристигнувањето на првиот авион од Виена, на Охридскиот аеродром е најавена прес-конференција.
На настанот ќе се обратат генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на Австрија во Скопје, Матијас Хуменбергер, како и Штефан Линхарт, виш директор за продажба за Централна и Источна Европа, Израел и Турција во групацијата „Луфтханза“.

