Home Македонија Охрид од денеска со директна авионска линија до Виена

Охрид од денеска со директна авионска линија до Виена

Охридскиот аеродром од денеска добива нова авионска врска со Европа. Компанијата „Остријан ерлајнс“ ја воведува линијата Виена – Охрид, со што градот ќе биде директно поврзан со австриската престолнина.

По повод пристигнувањето на првиот авион од Виена, на Охридскиот аеродром е најавена прес-конференција.

На настанот ќе се обратат генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на Австрија во Скопје, Матијас Хуменбергер, како и Штефан Линхарт, виш директор за продажба за Централна и Источна Европа, Израел и Турција во групацијата „Луфтханза“.