Маж и жена во неделата паднале од четирицикл на пат кај Козјак, а завршиле во болница со тешки повреди.
Несреќата била пријавена 10:43 часот во СВР Скопје, а според информациите од полицијата, 44-годишниот Б.Ѓ. од Скопје завршил со тешки телесни повреди, додека, пак, 39-годишната Е.Ѓ., исто така од Скопје, завршила со повреди.
Двајцата повредени биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што им биле констатирани повредите.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
71-годишен скопјанец со четирицикл се забил во ѕид од куќа, заврши во болница со тешки повреди
The post Маж и жена паднале од четирицикл кај Козјак, завршиле во болница appeared first on Слободен печат.


