В среда, 11 март, со почеток од 20.45 часот ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе го одиграат својот последен натпревар оваа сезона во ЕХФ Лигата на шампионите на гостински терен против шпанскиот гигант Барселона.
Актуелниот македонски првак ги загуби шансите за пласман во плејофот, моментно е на седмото место со шест бодови каде и ќе остане на конечната табела по завршувањето на 14 коло во групата Б.
Барселона која е првопласирана со 24 бодови, заедно со германскиот Магдебург (23) обезбедија директно учество во четвртфиналната фаза од елитното европско клупско натпреварување.
Своите очекувања за претстојниот меч во ЛШ, ги сподели ракометарот на Еурофарм Пелистер, хрватскиот пивот Никола Граховац:
– Тешко е да се подготвите за Барселона, можеби и најдобра екипа во историјата на ракометот. Сон е на секого да се игра против таков клуб, дополнителна мотивација не треба. Треба да бидеме свесни дека в недела го играме најважниот натпревар во сезоната против Вардар 1961. Се подготвуваме за двата натпревари истовремено. Последните два мечеви во ЛШ многу ни донесоа многу добри работи токму за важни големи натпревари во плејофот. Мислам дека екипата расте, добро работиме, така што мислам дека нема никаков страв – вели Граховац.
The post Граховац: Сон на секој ракометар е да игра против Барселона, можеби и најдобрата екипа во историјата на ракометот appeared first on Слободен печат.


