ВИДЕО | Џенова ја турка Верона кон Серија Б

Фудбалерите на Џенова славеа денеска во Верона со 2:0, во натпреварот од 29 коло од најсилното италијанско првенство.

Играчите предводени од тренерот Даниеле Де Роси остварија важен триумф, благодарение на головите во второто полувреме.

Витиња постигна гол од далечина во 61 минута за водство, а Лео Остигар со глава го постави конечниот резултат во 86 минута.

Џенова сега е на 13 позиција на табелата во Серија А со 33 бода, а нејзин следен ривал ќе биде Удинезе.

Верона е во сè потешка позиција, бидејќи го држи претпоследното место со 18 бода, а нејзин следен ривал ќе биде Аталанта.

The post ВИДЕО | Џенова ја турка Верона кон Серија Б appeared first on Слободен печат.