Home Македонија Мицкоски: Не се плашам од истрагата за унгарскиот кредит

Мицкоски: Не се плашам од истрагата за унгарскиот кредит

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, вели дека не се плаши од истрагата за унгарскиот кредит.

На прашањето за истрагата на Унгарија за наводите за злоупотреба на службената должност и лошо управување во државната „Ексимбанк“, во која се споменува и заемот од една милијарда евра за Македонија, Мицкоски рече дека ова е внатрешно прашање на Унгарија и се надева дека тамошните институции ќе излезат со соопштение во врска со заемот.

„Апсолутно не се плашам бидејќи сето ова е дел од нашето стратешко партнерство и е потврдено и од парламентите и од владите. Средствата се потрошени транспарентно. Моја благодарност до Унгарија како наш стратешки партнер, бидејќи во време кога се обидувавме да ја извадиме земјата од банкрот поради долговите на бандитската влада на СДСМ и ДУИ, тие беа првите што ни дојдоа на помош“, рече Мицкоски од промоцијата на општинските возила.

Истрагата, објавена во вторник, 1 септември, објави Ројтерс, се фокусира на четири случаи упатени од Министерството за економија и енергетика на Унгарија откако внатрешната ревизија таму откри неправилности што датираат од претходната администрација.

Истражителите запленија илјадници страници документи на Министерството за внатрешни работи на 31 август како поддршка на истрагата. Се очекува овие материјали, собрани за време на сопствениот преглед на министерството, да обезбедат дополнителни докази во врска со пријавените злосторства.
The post Мицкоски: Не се плашам од истрагата за унгарскиот кредит appeared first on Во Центар.