ФОТО | Марко Алексовски стигна до трофеј на турнирот во двојки во Лариса

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски стигна до нова турнирска победа. Тој изминатава недела ја заврши со триумф во конкуренција на двојки на турнирот „Ексалко куп“ во Лариса, Грција, каде заедно со Италијанецот Паоло Карочо завршија како победници. Турнирот беше од ранг категорија 3.

На турнирот во Лариса, Македонија секако ќе имаше победник бидејќи во финалето ривали на Алексовски и Карочо им беа Македонецот Александар Грујиќ и Оливер Крупа, а заврши со победа од 2:0 во сетови (6:4 и 6:3) за Алексовски и Карочо.

Во поединечна конкуренција најдобар пласман од македонските тенисери имаше Грујиќ, кој стигна до четвртфиналето, додека Алексовски и Андреј Стојановски беа елиминирани во третото коло.

На турнирот настапи и Јована Вељановска во женска конкуренција.

Фото: mtftennis.mk
Фото: mtftennis.mk

The post ФОТО | Марко Алексовски стигна до трофеј на турнирот во двојки во Лариса appeared first on Слободен печат.