Home Скопје Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно отвoрена за посетители

Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно отвoрена за посетители

Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно ќе биде отворена за посетители откако во октомври беше потврден случај на птичји грип.

Ве известуваме дека од оваа сабота (09.11.2024) Зоолошка градина на Град Скопје повторно ќе биде отворена за посетители со редовно работно време од 09:00-16:00 секој ден. Да уживаме заедно во убавите есенски и сончеви денови, ве очекуваме, стои во објавата на Фејсбук.