Home Македонија Околу 65 килохрами марихуана пронајдени кај Градско

Околу 65 килохрами марихуана пронајдени кај Градско

Околу 65 килограми марихуана се пронајдени во автомобил кај наплатната рампа Стоби во близина на Градско. Поведени е истражна постапка против две лица за недозволено прозводство и пуштање во промет наркотички дроги.

Првиот осомничен, 38-годишен скопјанец, со автомобил со скопски регистарски ознаки ја пренесувал дрогата спакувана во четири големи црни патни торби, а вториот, 55-годишен жител на Кавадарци, во улога на „чистач” имал задача да предупреди за евентуални контроли.
– На наплатната рампа полициски службеници забележале сомнително движење на автомобилот во кој била дрогата, а возачот на даден знак да застане за легитимирање, со голема брзина се дал во бегство кон Градско. Сепак, полицајците успеале да го стигнат и извршиле преглед на возилото каде ја пронашле марихуаната, информира Обвинителството.
За првоосомничениот се бара притвор.