Home Македонија Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, од кои 11 управувале возило без возачка дозвола, двајца и покрај тоа што имале активна забрана и еден под дејство на алкохол. Од 11-те лица кои управувале возило без возачка дозвола, тројца се во Гостивар, по двајца во Делчево и Скопје (еден управувал нерегистриран мотоцикл), а по еден во Тетово, Кавадарци, Битола и Гевгелија (управувал нерегистриран мотоцикл). Еден возач во Скопје и еден во Велес управувал возило са активна забрана за управување возило, а еден возач во Берово управувал возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.