Home Македонија Лице пријавило во СВР Охрид дека тој и неговата бремена партнерка добиле...

Лице пријавило во СВР Охрид дека тој и неговата бремена партнерка добиле закани со електрошок и тврд предмет на булевар „Туристичка“

– На 12 април 2026 година, во 02:00 часот 33-годишно лице, пријавило во СВР Охрид дека на 11 април 2026 година, околу 22:30 часот, на булевар „Туристичка“ во Охрид, лице упатило закани по живот кон него и неговата партнерка, која биле бремена, и им се заканувал и со електрошок и тврд предмет.

– На жената и’ била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид, и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.