Home Македонија Деветнаесетгодишник нападнат од непознато лице додека се движел по улица во Тетово

Деветнаесетгодишник нападнат од непознато лице додека се движел по улица во Тетово

На 15.05.2026 година во 21:10 часот во СВР Тетово, Х.Ѓ.(19) од Тетово пријавил дека околу 20:50 часот, додека се движел по улица „120“, бил физички нападнат од непознато лице. Кај пријавениот биле констатирани видливи повреди.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.