Home Македонија Кобила се ождреби на сред улица во скопски Карпош

Кобила се ождреби на сред улица во скопски Карпош

На сред улица во скопската населба Карпош кобила донесе на свет младо ждребе.

На фотографијата објавена на Фејсбук се гледа ждребето и неговата мајка која само што се ождреби.

Фотографијата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Засега нема официјални информации кој е сопственикот на животните.

Граѓаните очекуваат надлежните општински и ветеринарни служби соодветно да реагираат.