Home Македонија Концертот на Гета не помина без инциденти: Нападнат тинејџер, а имало и...

Концертот на Гета не помина без инциденти: Нападнат тинејџер, а имало и физичка пресметка

По полноќ, за време на концертот на светски познатиот диџерт Дејвид Гета, имало и апсења за физички напади и нарушувања на јавниот ред и мир. 

– На 09.09.2026 во 00:30 часот во Скопје, од арена „Тодор Проески “, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа В.Г.(23), Р.Т.(23) и Д.К.(22), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнале Д.Н.(18) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираа од МВР за првиот случај. 

Во друг случај, се пресметале две лица. 

– На 09.09.2026 во 01:00 часот во Скопје, од арена „Тодор Проески“, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Р.К.(57) и В.Т.(25) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, известуваат од полицијата.