Home Македонија Малолетници со сечило барале пари од девојче во Чаир

Малолетници со сечило барале пари од девојче во Чаир

Малолетници во Чаир со закана со остар предмет одземале пари од девојче во Чаир, а според пријавеното од родителот, барале повторно да им даде следниот пат, соопшти МВР во дневниот билтен.

„На 17.05.2026 во 19:30 во СВР Скопје, Ф.М.(40) од Скопје пријавил дека на 07.05.2026 околу 08:00 часот на подрачјето на Чаир, неколку малолетници со закана со остар предмет од неговата 16-годишна ќерка одзеле пари и ѝ се заканувале дека повторно ќе треба да има даде во наредните денови“, објави полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.