Поради планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа, утре (11 септември) без електрична енергија ќе останат корисници во повеќе населени места во Скопско.
Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат потрошувачите од село Арачиново (патот за Мојанци), како и селата Мојанци и Орланци, заедно со пумпната станица Арачиново.
Во истиот временски интервал, односно од 09:00 до 13:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат и корисниците од дел од улицата „12“ во Горно Соње, општина Сопиште.

