Home Македонија Неексплодирана бомба пронајдена во Охридското Езеро, во близина на кеј „Македонија“

Неексплодирана бомба пронајдена во Охридското Езеро, во близина на кеј „Македонија“

На 28.08.2026 во 15.33 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското езеро во близина на кеј „Македонија”, пронајдена е неексплодирана бомба.

Местото е обезбедено од страна на полициски службеници по што, бомбата е безбедно подигната од страна на преставник од Дирекција за заштита и спасување, за натамошна постапка.