Home Македонија Од денеска српска полиција ќе става ред во Охрид

Од денеска српска полиција ќе става ред во Охрид

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Србија ќе работат заедно со своите колеги од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во Охрид секој ден од 7 јули до 31 август 2026 година.

Врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на туристичката сезона оваа година, униформираните полицајци и еден крим-полицаец од Министерството за внатрешни работи на Република Србија ќе работат заедно со своите колеги од Северна Македонија, соопшти срспката влада.
Српските државјани кои престојуваат во Охрид во текот на горенаведениот период можат да се обратат до полицијата за информации и помош на следните телефонски броеви:
униформирани полицајци – 064/892-7140, 064/892-1348 или
064/892-6876, како и крим-полицаец на 064/892-2801.
The post Од денеска српска полиција ќе става ред во Охрид appeared first on Provereno.