Home Македонија Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО, му ги предаде акредитивите на...

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО, му ги предаде акредитивите на Руте

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска стапи на функцијата, а упати благодарност до генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, за „топлиот прием“ при официјалното предавање на акредитивните писма.

Муртезани во објава на социјалните мрежи напиша дека „Северна Македонија има свое место, свој глас и сојузници во НАТО“.

„Со голема чест ја преземам одговорноста тој глас да биде јасен, кредибилен и доследен“, порача Муртезани.