Home Македонија Полска преговара со САД за отворање постојани американски воени бази

Полска преговара со САД за отворање постојани американски воени бази

Полска води разговори со Соединетите Американски Држави за отворање постојани американски воени бази на својата територија, изјави заменик-министерот за одбрана Павел Залевски, кој ги предводи преговорите.

Во моментов во Полска се распоредени околу 10.000 американски војници – главно на ротациска основа. Според Залевски, Варшава и Вашингтон веќе разменуваат предлози за постепена трансформација на постојните бази во трајни воени објекти.

Разговорите се одвиваат во време кога САД ја преиспитуваат својата воена присутност во Европа и бараат европските сојузници да преземат поголема одговорност за сопствената одбрана.

Полска, која е една од клучните членки на НАТО на источното крило на Алијансата, издвојува околу пет проценти од БДП за одбраната и вложува милијарди евра во модернизација на вооружените сили, претежно преку набавка на американско оружје.