Home Македонија Пропадна нов обид за договор за Ормут – земјите од Заливот ги...

Пропадна нов обид за договор за Ормут – земјите од Заливот ги одложија разговорите со Иран

Нов удар врз надежите за смирување на енергетската криза. Земјите од Персискиот Залив ги одложија планираните разговори со Иран за ситуацијата во Ормутскиот теснец.

Според последните информации, причината е недостатокот на согласност меѓу арапските држави, но и драматичното влошување на ситуацијата во Јемен.

Техеран поставува услови за нормализирање на пловидбата, меѓу кои се американските санкции и ситуацијата во Либан.
Ормут е една од најважните енергетски артерии во светот. Во нормални услови преку него поминува околу една петтина од светската трговија со нафта и гас.

Секое продолжување на кризата затоа директно се пренесува врз цените на горивата во Европа, а преку нив и во Македонија.