Home Македонија Само 265 лица од Македонија со бугарски пасош се пријавија да гласаат...

Само 265 лица од Македонија со бугарски пасош се пријавија да гласаат за денешните претседателски избори во Бугарија

Многу слаб интерес владее во Македонија за претседателските избори во Бугарија, каде што на седум определени избирачки места низ земјата за гласање се пријавиле едвај 265 бугарски државјани, покажуваат податоците од извештаите.

Бројот на заинтересирани гласачи бележи пад во однос на претходните парламентарни избори одржани во април 2026 година, кога во Македонија својот глас го остварија вкупно 463 лица со бугарски пасоши.

Според податоците од пописот од 2021 година, во Македонија како Бугари се изјасниле 3.504 лица, додека официјалните статистики од бугарските институции покажуваат дека околу 216.000 македонски државјани досега имаат добиено бугарски пасош. Во претходните изборни циклуси од 2022 до 2024 година излезноста во земјава се движела меѓу 320 и 460 гласачи, што потврдува дека интересот за учество во бугарските избори останува на ниско ниво.