Home Македонија Собранието одлучува дали Зулфиќар Зејнула ќе биде нов министер без ресор

Собранието одлучува дали Зулфиќар Зејнула ќе биде нов министер без ресор

Собранието денеска треба да го избере Зулфиќар Зејнула за министер без ресор со што се заокружува изборот на новите министри опфатени со реконструкцијата на Владата.
Зејнула е претседател на Демократската партија на Турците и со него премиерот Христијан Мицкоски на почетокот на јули потпиша договор за политичко партнерство.

Зејнула е роден во Гостивар, а по професија е дипломиран криминолог. Во периодот од 2021 до 2024 година работи како заменик-директор на Дирекцијата за заштита и спасување, а од 2018-2021 година како советник во Општина Гостивар.
Претходно, на 13 јули беа избрани и останатите осум министри во рамки на реконструкцијата што ја направи премиерот Христијан Мицкоски.

The post Собранието одлучува дали Зулфиќар Зејнула ќе биде нов министер без ресор appeared first on Provereno.