Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина се согласила да не изведува напади врз руските енергетски постројки.
Трамп, исто така, напиша на социјалната мрежа „Трут“ (Truth) дека и Русија се согласила на овој договор. „Порастот на глобалните цени на дизелот првенствено е предизвикан од војната меѓу Русија и Украина, а не од Иран“, додаде американскиот лидер.
Трамп претходно изјави дека Украина предизвикува глобален недостиг на дизел преку нападите врз руските рафинерии за нафта.

