Home Македонија Уапсена директорката на „Комуналец“ во Гостивар и уште двајца вработени откога 3.100...

Уапсена директорката на „Комуналец“ во Гостивар и уште двајца вработени откога 3.100 лица се пожалија на стомачни тегоби

Гостиварската полиција ги уапси директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на секторот водовод Валедин Дервиши откога во градот 3.100 лица побараа медицинска помош поради стомачни тегоби, дијареа и температура.
Тројцата се приведени во рамки на предистражната постапка што е поведена поради сомневања за загадување на водата за пиење во градскиот водовод.
Министерот здравство Сашо Клековски денес кажа дека се готови анализите на примероците вода земени од гостиварскиот водовод, но не ги кажа какво загадување е најдено за да не пречи на истрагата. Најави дека ќе каже што е пронајдено во водата за пиење во Гостивар откога Обвинителството ќе му даде дозвола за тоа.