Биста со лик на починато лице била украдена од гробно место на Градските гробишта Бутел во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
„На 29 јули 2025 година во 10:30 часот во СВР Скопје, 45-годишната Е.С. од Скопје пријавила дека во периодот од септември 2024 година до денот на пријавувањето, од гробното место на нејзиниот починат вујко била одземена биста со неговиот лик“, стои во соопштението на МВР.
Оттаму соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

