Home Македонија Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка, неофицијално дознава Телма.

Гоце Наумовски беше избран за Уставен судија во февруари годинава по предлог на Собранието.

Наумовски е професор на катедрата по римско право на правниот факултет „Јустинијан Први“ , пред изборот беше советник на премиерот и е брат на поранешниот вицепремиер за европски прашања Васко Наумовски. Тој беше предложен за Уставен судија од владеачкото мнозинство.