Home Македонија (Видео) Се запали облакодер во Дубаи

(Видео) Се запали облакодер во Дубаи

Голем пожар избувна на градилиште на облакодер во близина на хотелот „Ал Хабтур Гранд“ во Дубаи Марина, јавуваат светските медиуми.

Според информациите, пожарот бил пријавен во 7:06 часот по локално време, а пожарникарите биле на местото на настанот во 7:13 часот.

На пожарникарите им биле потребни речиси два часа за да го локализираат пожарот, во кој, за среќа, нема повредени.