Home Македонија Во невремето оштетен и часовникот на Музеј на град Скопје

Во невремето оштетен и часовникот на Музеј на град Скопје

Невремето кое што вчера го опустоши главниот град зад себе остави големи материјални штети. Оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои и часовникот на Музеј на град Скопје. На фотографијата која се појави на социјалните мрежи, може да се види дека оштетена е стрелката која ги означува секундите на часовникот.

Оштетени се и објектите на Основното јавно обвинителство, комплексот „Вила Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство.

Според пријавите од граѓани, кои се евидентирани од страна на Министерството за внатрешни работи, оштетени се 117 возила, 35 покриви, паднати се 189 дрва, 7 семафори, пријавени се 5 пожари и 15 повредени лица.

Невремето остави последици и во повеќе градови низ државата.