Home Македонија Бранителка во случајот Онкологија 2 ја напушти судницата, казнета со 500 евра

Бранителка во случајот Онкологија 2 ја напушти судницата, казнета со 500 евра

Анита Бегова, бранителка на Нухад Нухи, обвинет во случајот Онкологија 2, денеска ја напушти судницата незадоволна од начинот на кој Обвинителството ги презентираше материјалните докази. Бегова е казнета со 500 евра парична казна.
Според Бегова, судот не овозможува минимални услови за фер постапка.
На рочиштето, Обвинителството почна со изведување на материјални докази односно на околу 180 страници се наведени документи поврзани со набавката на лекови, договори за јавни набавки и финансиски извештаи.