Од СДСМ денес обвинуваат дека само еден ден по прес-конференцијата на Христијан Мицкоски, имаме ново зголемување на цената на нафтата за 3,5 денари и сега таа чини 95,5 денари за литар.
„Ова е трето зголемување, при што вкупното зголемување достигна 24,5 денари за литар.
Толку за „мерката“ на Мицкоски. Секако, Мицкоски ги покажува своите вистински лица – тој нема капацитет ниту за државнички дух ниту за економска политика, чист дилетант.
Намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема ефект. Граѓаните плаќаат повеќе за гориво, а со тоа се забрзува и зголемувањето на цените на храната.
Цените во супермаркетите растат, маслиновото масло, јајцата, месото, зеленчукот, сè е поскапо, граѓаните го чувствуваат ова во своите џебови секој ден.
СДСМ предупредува: без итна интервенција во цените на храната, кризата ќе се продлабочи, а сиромаштијата ќе се зголеми.
„Затоа, Владата мора веднаш да ги прифати предложените мерки на СДСМ: 0% ДДВ за храна, намалување на акцизите за 4 денари и намалување на ДДВ за гориво на 5%“, велат од СДСМ.
The post СДСМ: Цените на нафтата се зголемија, цените во супермаркетите исто така се зголемуваат appeared first on Во Центар.








