Кошаркарите на Мајами го победија Вашингтон со 150:129 во ноќта помеѓу вторникот и средата во Американската професионална кошаркарска лига (НБА).
Центарот на Мајами, Бем Адебајо, го одигра еден од најдобрите натпревари во историјата на НБА, постигнувајќи 83 поени. Ова го стави Адебајо меѓу највисоките индивидуални перформанси во историјата на лигата, зад легендарниот Вилт Чемберлен, кој го држи рекордот со 100 поени.
Центарот на Мајами, исто така, постави клупски рекорди по бројот на реализирани и изведени слободни фрлања. Тој го заврши натпреварот со 20 шутеви од поле во 43 обиди, со дури 36 реализирани слободни фрлања во 43 обиди, додека шутираше 7 од 22 за три поени.
Адебајо сега е на второто место на листата на сите времиња за индивидуални перформанси, пред легендарниот Коби Брајант, кој постигна 81 поен во 2006 година.
„Вилт, потоа јас, па Коби… Звучи нереално“, рече Адебајо.
Кошаркарот на Мајами постигна 31 поен во првата четвртина, а имаше 43 на полувремето. До крајот на третата четвртина, тој достигна 62 поени, а во последната четвртина продолжи да го полни кошот на противникот.
Неговиот претходен рекорд во кариерата беше 41 поен, но тој учинок го надмина до полувремето.
The post ВИДЕО | Бем Адебајо постигна 83 поени и го надмина рекордот на Коби Брајант во НБА appeared first on Слободен печат.


