Без струја денеска неколку часа ќе бидат дел од корисниците од општините Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода, информираат од РЦУК-Скопје.
Од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците на булеварот „Партизански одреди“ број 125-2 во општина Карпош, од 9:00 до 13:00 часот дел од корисниците на улицата „Шидска“ кај менувачницата Срна во оштина Ѓорче Петров, од 9:00 до 14:00 часот дел од корисниците на улицата „Тодор Чангов“ 30 и 38 во општина Аеродром, а од 11:00 до 13:00 часот, дел од корисниците на улицата „Ѓорчи Динката“ кај основното училиште „Кузман Шапкарев“ во Кисела Вода.
The post Делови од четири скопски општини денеска без струја appeared first on Слободен печат.







