Home Македонија Инспекција открила наставничка со лажна диплома во училиште во Скопје, нејзиниот сопруг...

Инспекција открила наставничка со лажна диплома во училиште во Скопје, нејзиниот сопруг ѝ се заканувал на директорката

Директорка на основно училиште во Скопје со месеци трпела закани од сопругот на нејзина колешка, откако инспекцијата од Државниот просветен инспекторат открила дека сопругата на заканувачот имала фалсификувана диплома во училиштето.

Директорката на училиштето рекла дека дента за Нова година ѝ бил запален нејзиниот автомобил пред куќата.

„34-годишна жена од скопско пријави дека од декември 2025 година до денот на пријавување во својство на директор на основно училиште добивала закани од З.Р.. Според пријавителката, причина за заканите бил фактот што при инспекција на Државниот просветен инспекторат било утврдено дека сопругата на З.Р. вработена во истото училиште, имала приложено фалсификувана диплома. Таа пријавила и дека на 31.12.2025 пред нејзината куќа било запалено нејзиното патничко возило“, соопштија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.