Од утре стартува ЕЕС системот на Европската Унија за биометриска проверка на патници при влез во Шенген-зоната, со што значително се менуваат правилата на граничните премини.
Со новиот систем, на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој, а се од држави кои не се членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Македонија. Тоа значи дека ако утре патувате во земја од Европската Унија, на граничниот премин ќе ви земат отпечаток од прст и ќе ве фотографираат при првиот влез.
Ова значи дека при прв влез во ЕУ, граѓаните ќе мора да поминат низ процес на регистрација, кој може да потрае подолго од вообичаеното. При следните патувања ќе се користи автоматско препознавање. Дополнително, ќе се евидентираат сите влезови и излези од ЕУ, со цел подобра контрола и откривање на злоупотреби, вклучително и лажни идентитети.
The post Од утре повеќе чекање на европските граници, стартува новиот систем за влез во ЕУ appeared first on Во Центар.








