Видео на кое се гледаат китови и делфини како си играат заедно во океанот, снимено веднаш до островот Некер во Исланд, ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи.
Имено, претприемачот Ричард Бренсон сподели видео на својот Инстаграм профил во кое прикажува делфини и китови како си играат и пливаат заедно во океанот, веднаш до островот Некер.
Бренсон, во описот на видеото, нагласи дека овој момент претставува симбол на успех во глобалните напори за зачувување на морскиот свет, а воедно повика на посилна заштита на морските видови и нивните живеалишта.
„Оваа сцена совршено го симболизира успехот во зачувувањето на морските екосистеми. Секоја година гледаме сè повеќе китови, што покажува дека напорите за зачувување се исплатуваат“, напиша Бренсон, меѓу другото.
Иако еколошката состојба во светот, особено во однос на политиките за заштита на животната средина, често е загрижувачка, ова видео носи позитивна приказна. Всушност, глобалните напори за зачувување на китовите, кои беа на работ на истребување пред неколку години, сега даваат резултати. Благодарение на меѓународната соработка, китовите се враќаат во своите природни живеалишта, а нивните популации повторно растат.
The post Неверојатна сцена снимена во Исланд: Китовите и делфините уживаат играјќи си заедно во океанот appeared first on Во Центар.

