Home Македонија Судењето за „Пулс“ продолжува со нови сведоци во судницата во Идризово

Судењето за „Пулс“ продолжува со нови сведоци во судницата во Идризово

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Обвинителството за денешното рочиште предложило тројца сведоци – Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска, сите од Кочани, но затради обемните излагања се сослушуваа само двајца.

Истовремено, одбраната на обвинетите треба да се изјасни дали го прифаќа повлекувањето на дел од сведоците предложени од Обвинителството, откако на претходното рочиште им беше доставен список на сведоци за кои се предлага да бидат повлечени од постапката, со образложение дека околностите веќе се утврдени преку други сведочења.
На минатото рочиште сведочеше Живко Ставревски, помошник-генерален инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување, кој посочи дека до 2020 година не биле предвидени редовни инспекциски надзори во општини без инспектори, при што Кочани немало покриеност за проверки и превенција.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и се смета за една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.
Судењето го води судијката Диана Груевска Илиевска, додека обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.п