ФОТО | Повеќе од 90 килограми бифтек, кавијар и црни тартуфи: Вака ќе изгледа раскошната гозба за гостите на Оскарите

Славниот австралиско-американски угостител Волфганг Пак откри детали за раскошното мени за овогодинешниот традиционален бал по доделувањето на Оскарите, гламурозната забава која ќе го затвори 98-то доделување на наградите на 15 март.

Додека познатите личности чекаат да освојат награди на престижните Оскари, Пак со својот тим готвачи подготвува широк спектар на јадења за непцата на славните гости.

Интересно е тоа што ова е 32. пат Волфганг Пак да подготвува јадења за овој престижен настан.

 

Познатиот готвач Оскар Волфганг/Фото: Принтскрин/Фејсбук

Пак и неговиот тим подготвуваат импресивни 25.000 порции за гостите од врвот на филмската индустрија. Меѓу ѕвездите на вечерата ќе бидат околу 1.200 прочуените пилешки пот пити, во кои ќе бидат вметнати дури 22 килограми црни тартуфи.

Менито вклучува и врвни специјалитети како што се повеќе од 90 килограми бифтек и околу 32 килограми кавијар. Тука се и популарните класици како макарони со сирење, но и чаден лосос во облик на познатата златна статуетка Оскар.

Приготвување на раскошната вечера за Оскарите/Фото: VALERIE MACON / AFP / Profimedia

Мајстори за суши и нова технологија

Оваа година, акцентот е ставен на свежината и модерната гастрономија. Дури пет мајстори за суши ќе подготвуваат ролнички и нигири пред самите гости, додека новата машина за сладолед ќе обезбеди совршено кремаста текстура на десертот.

Меѓу деликатесите ќе се најде и штрудлата од јаболки според рецептот на мајката на Пак, како и илјадници чоколадни фигури во облик на Оскар.

Prigotvuvanje na oskarovskoto meni Volgang Pak Foto: VALERIE MACON / AFP / Profimedia

Посебно внимание и за веганите

Пак нагласува дека се води сметка за сите навики во исхраната на гостите. Дури и веганските јадења се подготвуваат со исто внимание како и специјалитетите од месо.

Таа филозофија, вели тој, особено ја ценел актерот Хоакин Феникс, познат по својата веганска исхрана.

Ексклузивното мени ќе биде надополнето со внимателно одбрани пијалаци: шампањ „Пајпер-Хајдзик“, вина „Домејн Кларенс Филон“ и премиум саке „Дасаи“.

Во текот на пробната презентација во познатиот „Долби театар“, било потврдено дека овогодинешната оскаровска ноќ ќе ги спои традиционалните класици и модерната гастрономија, од прецизно подготвено суши до семејна штрудла, која носи допир на носталгијата во гламурозната атмосфера на Холивуд.

Готвачот Волфганг Пак/Фото: VALERIE MACON / AFP / Profimedia

The post ФОТО | Повеќе од 90 килограми бифтек, кавијар и црни тартуфи: Вака ќе изгледа раскошната гозба за гостите на Оскарите appeared first on Слободен печат.